Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

„Гунвор груп“ го презема меѓународниот бизнис на „Лукоил“

Лукоил Македонија ги продава 40-те бензински пумпи во земјава. Откако САД воведе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лукоил Македонија ги продава 40-те бензински пумпи во земјава. Откако САД воведе санкции кон Русија, компанијата реши да се ослободи од сите филијали во странство, што ја вклучува и земјава.

Денеска беше потврдено дека руски Лукоил ја прифатил понудата нов сопственик да биде „Гунвор Груп“. Се работи за компанија регистрирана во Кипар со главно седиште во Женева, во сопственост на шведскиот милијардер Торбјорн Торнквист и рускиот милијардер Генади Тимченко, кој веќе го продал својот удел во „Гунвор“. Сепак, трансакцијата не може да се реализира без дозвола од САД, односно Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии.

Вредноста на купопродажбата се проценува на 3 до 4 милијарди евра, што значи дека Лукоил ги продава своите интернационални подружници со 70% попуст бидејќи компанијата „тежи“ 10 милијарди евра.

Реклама

„Склучувањето на обврзувачкиот договор за трансакцијата е предмет на претходни услови, вклучувајќи добивање дозвола од Канцеларијата за контрола на странски средства на САД од страна на Купувачот, како и сите други применливи лиценци, дозволи и други овластувања во други применливи јурисдикции. Доколку е потребно, страните планираат да аплицираат за продолжување на постојната лиценца и сите дополнителни лиценци за да се обезбеди непречено работење на меѓународните средства и нивното банкарско сервисирање за периодот до завршувањето на трансакцијата“ – информираат од Лукоил.

Од Регулаторната комисија за енергетика не ја коментираат купопродажбата, само потврдуваат дека имаат комуникација со раководството на Лукоил Македонија. Компанијата работи нормално со 550 вработени, без никакви пречки, бензинските пумпи се отворени и редовно се точат горива.

Во моментов, 80% од нафтените деривати доаѓаат од Грција, а заради Лукоил 7% руска нафта доаѓа од Бугарија. Првиот човек на Комисијата, Марко Бислимовски, вели дека Македонија нема да биде погодена од санкциите кон Русија.

Кога САД објавија санкции кон Русија, од Регулаторна првично предупредија дека овој потег може да предизвика скок на цените на нафтените деривати. На глобално ниво, цените се зголемија, по што следуваше стабилизација. Во Македонија во три наврати последнава недела имаше само минимален раст на цените на горивата. Најмногу поскапе дизелот за 3 денари по литар.

Инаку, „Лукоил“ е втор по големина производител на нафта во Русија, но работи и на проекти на нафтени полиња во Азија, Африка и Латинска Америка. Компанијата поседува рафинерии за нафта во Бугарија, Романија и Холандија и бензински пумпи во Европската Унија. Добро упатените во нафтениот сектор сметаат дека со продажбата на странскиот имот, Лукоил ќе изгуби 25% од обемот на рафинирана нафта и 30% од приходите.

Министерството за финансии на САД минатата недела воведе санкции врз Роснефт, Лукоил и 34 нивни подружници, но одобри трансакции со компаниите до 21-ви ноември.