Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Ѓубре на сите страни, мочуришта наместо езерца – Градскиот парк во Скопје се запушта

Ѓубре на сите страни, преполни канти, мочуришта наместо езерца. Ваква е сликата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ѓубре на сите страни, преполни канти, мочуришта наместо езерца. Ваква е сликата во Градскиот парк во Скопје, место кое служи за рекреација на граѓаните. Посетителите разочарани од негрижата на градските власти, но и ниското ниво на култура и свест за хигиена кај граѓаните.

Езерцата во паркот кои некогаш беа вистинска атракција за посетителите, сега подолго време се во очајна состојба. Водата е зелена, а  натрупаните лисја  ја менуваат сликата дека на местото имало езерце.

Освен лошата глетка, тука се и небезбедните бандери, кои претсавуваат голема опасност за најмладите. Екипата на Алфа при обиклолката на градскиот парк забележа непокриени бандери од каде што висат бројни кабли.

Реклама

Исто така, мнема ни трага ни глас од „најдобриот луна парк на Балканот“ што го ветуваше градоначалничката Данела Арсовска .Наместо ролеркостери, вртелешки, тобогани, 7Д кино, картин,  во градскиот парк се вратија старите реквизити.

Арсовска освен градфскиот парк на скопјани им ветуваше уште пет други мега паркови во Гази Баба, Чаир, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода. Но и од ова ветување нема ништо.

Давид Крстевски