Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Грција најавува нови мерки за намалување на метежот на граничните премини

Редици од автомобили долги километри, нервозни туристи и со саати чекање во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Редици од автомобили долги километри, нервозни туристи и со саати чекање во место. Ова е сликата која се почесто се гледа на граничниот премин Евозни во пресрет на летната сезона, а особено за продолжените празнични викенди.  Новите правила за влез и излез во ЕУ, прават дополнително притисок врз веќе оптоварениот граничен премин.  За да се намалат гужвите на граничните премини Грција ќе воведува пакет мерки со кои ќе се забрзаат контролите и ќе се намали чекањето на граница. Одлуката била донесена на работна средба во Солун, свикана од заменик-министерот за внатрешни работи на грција, Констандинос Гулекас, на која присуствувале претставници на институции, безбедносните служби и локалните власти.

„Фактот дека, покрај контролата на патните документи што е надвор од надлежноста на пасошките служби за оние што доаѓаат од трети земји, односно земји кои не припаѓаат на Европската Унија и нејзината зона, за жал е тоа што, заедно со контролата на патните документи, според директива на Заедницата мора да се врши и контрола на биометриските податоци. Значи, ова важи за цела Европа и, покрај проверката на пасошите, треба да се проверуваат и бојата на очите, бојата на косата, обликот на лицето и сите биометриски карактеристики што ја идентификуваат една личност. Тоа значи дополнително време и дополнителни доцнења.“- вели заменик-министерот за надворешни работи, Констандинос Гулекас.

По вонредниот состанок во Солун, тимови од надлежните грчки институции се на терен на граничните премини Евзони со Македонија и „Кипи“ кон Турција, со цел да се утврдат  најчестите проблеми за да се најде соодветно решение за нив.Неколку опции се на располагање, велат грчките власти.

Реклама

„Првата опција е максимално да се зголеми капацитетот на луѓето кои ја вршат контролата. Втората опција е да се зголеми брзината на информатичкиот систем.“- вели Гулекас.

Дополнителен проблем, според грчките власти претставува и застарената инфраструктура на дел од граничните премини која тешко се справува со огромниот број на возила во текот на летните месеци. Од таму стравуваат дека долгите чекања би можеле и негативно да влијаат врз туристичката сезона особено ако метежите продолжат и понатаму.

Само за време на викендите, преку Евзони поминуваат десетици илјади туристи од Балканот кои патуваат кон грчките летувалишта.