Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Грција: Значително расте бројот на случаи на западнонилска треска

А во Грција значително расте бројот на случаи на западнонилска треска, при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

А во Грција значително расте бројот на случаи на западнонилска треска, при што до 12 август се регистрирани 110 заразени лица. Повеќе од две третини од случаите се во областа Атика, соопштија здравствените власти.

Бројката е веќе повисока од бројот на случаи регистрирани во истиот период во претходните години. Особено загрижува фактот што во 2018 година, која се смета за најтешка година во Грција, во текот на целата сезона биле регистрирани вкупно 317 случаи.

Националната организација за јавно здравје предупреди дека, доколку продолжи актуелниот тренд, сезоната би можела да биде една од најтешките во последните години. Се очекува врвот на сезоната да биде достигнат во периодот од сега до средината на септември.

Реклама

Загриженост изрази и Грчкото здружение за инфективни болести, кое предложи 12 итни мерки за ограничување на ширењето на вирусот. Меѓу предложените мерки се засилување на третманот против ларвите на комарците, како и побрзо и поефикасно дејствување против возрасните комарци.