Реклама

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Економија

Грант од 50 илјади долари за Општина Кочани

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за геотермална вода. По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари.

Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за геотермална вода во геотермалниот систем „Геотерма“ – Кочани и е планирано да се реализира во партнерство со КЈП „Водовод“.

Преку проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“, финансиран од Шведска и Бирото за регионален развој, ќе биде финансирана изработка на потребната техничка документација за реконструкција на дистрибутивниот систем  од селото Горни Подлог до ОУ „Никола Карев“ во Кочани, во должина од 7 километри.

Реклама

Проектот вклучува и изработка на основен проект за реконструкција на постојниот собирен резервоар за геотермална вода; изработка на техничка студија за избор на најдобро техничко решение за реконструкција на постојниот дистрибутивен цевковод за геотермална вода; утврдување на потребните количества геотермална енергија за сегашните и идните корисници; анализа за оптимизација на пумпните агрегати во Пумпната станица во Долни Подлог, како и анализа на можностите за поврзување на Градскиот базен на цевководот и планираната изградба на спа-центар и др.

Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација беше спроведен од страна на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.