Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Гран При за Ема Зафировска на ИФАДФ Камера 300 во Битола

Македонката Ема Зафировска, која е родена и живее во Велика Британија, е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонката Ема Зафировска, која е родена и живее во Велика Британија, е годинашен добитник на највисокото признание, наградата Гран При што ја доделува Интернационален фестивал на аматерскиот (непрофесионален) документарен филм (ИФАДФ) Камера 300.

Еден од иницијаторите на „Браќа Манаки“, Стефан Хаџи Антоновски изјави за МИА дека Фестивалот ИФАДФ Камера 300 во Битола, годинава слави јубилеј 120 години од првиот снимен филм, односно првиот филмски запис на овие простори со баба Деспина како преде волна, со познатата камера 300 на браќата Манаки.

-Интересот за нашиот ИФАДФ Камера 300 не стивнува, напротив е се поголем. На нашата адреса пристигнаа документарни филмови од многу европски држави на автори кои обработуваат најразлични теми од своето поднебје. Годинава сите славиме 120 години од првиот филмски запис на овие простори. Да потсетам, за македонскиот филм, како и за повеќето во светот, 20-от век, буквално е век на неговото создавање и растеж. Како што е познато, десет години по првата проекција на филм во Гранд Кафе во Париз, браќата Јанаки и Милтон Манаки со нивната сега веќе легендарна Камера 300, купена во Лондон од компанијта „Урбан“ од моделот „биоскоп“, сериски број 300, во дворот на нивната родна куќа, во 1905 година ги снимиле првите подвижни слики, воедно први на Балканот. Камен темелникот на македонската филмска историја е поставен со тие подвижни слики, односно снимениот материјал на браќата Манаки на нивната 114 годишна баба Деспина како преде со други жени од семејството и соседството, посочи Хаџи Антоновски.

Реклама

Со одлука на меѓународно стручно жири, освен Зафировска, автор на филмот „Мајчински инстинкти“, со награди се стекнаа и Валентина Андреиќ од Македонија за филмот „Три манастирски цркви во регионот Куманово“ која освои златна Камера 300, на Ервин Спренгер од Австрија за филмот „Мефисто“  ќе му биде доделена сребрена Камера 300, додека бронзена Камера 300 ќе му биде доделена на Фригман Мејс од Германија за докуметарниот филм „Зората во Њујорк“.

Според востановената традиција на свечена церемонија, Општина Битола ќе додели посебна плакета, а годинешен добитник на тоа признание е Франц Моге од Словенија автор на документарецот „Клукајдрвци“, плакета за режија ќе добијат Мјожген Исуф, Апостол Фанев и Красимир Георгиев од Бугарија, автори на филмот „Домот“, а наградата сребрен медал на УНИКА годинава и припадна на Надица Петковиќ од Македонија за документарниот филм „Макраме“.

Организаторите на фестивалот Кино видео клуб „Студио Милтон Манаки“, Народна техника-Битола и Кино сојуз на Македонија наградите ќе ги доделат во петок на 31 октомври, на посебна свеченост во Битола.