Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Граѓани бараат да се забрани пушење во затворени простории

Да се врати забраната за пушење во затворени простории. Граѓани со онлајн…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се врати забраната за пушење во затворени простории. Граѓани со онлајн петиција бараат да се врати стариот Закон. Од минута во минута расте бројот на оние кои даваат поддршка.

– Да се врати законот против пушење во затворен простор во функција, доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца, пишува во петицијата, чија бројка постојано расте.

Алфа ги праша граѓаните дали и колку им пречи чадот од цигарите кои како облак натежнува во секој објект. Тие без размислување велат дека пушачите мора да се одвикнат од оваа навика, зашто и самите се трујат, но и другите околу себе.

Реклама

– Катастрофа е да се пуши внатре. Мора да се смени законот и ние кои не сме пушачи да можеме да уживаме во затворен простор, а не да мрзнеме надвор. Многу ми пречат цигарите, мора да се направи нешто по кафаниве, но и во игротеките, зашто луѓето пушат каде ќе им текне, се жалат граѓаните пред камерата на Алфа.

И додека граѓаните бараат да се стави крај на пушење во затворени простории, се пуши речиси секаде, по кафани, дискотеки, кафулиња, па дури и во детски игротеки. Особено во помалите градови прописите не се почуваат, а контроли и казни нема.

Со измените на Законот за заштита од пушењето се дозволи пушење и на целосно затворените тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти, што уште пред две години беше критикувано од јавноста. Во последен период ни ова не се почитува, а што е пострашно – никој не одговарал кривично.

Во 2018 година, пратениците во Собранието ги изгласаа измените на Законот за заштита од пушењето, со кој се избриша ставот кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителските објекти, по што беше дозволено да се пали цигара на тераси, независно дали се затворени или отворени.

Борис Грујоски