Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Граѓаните со позитивна оценка за најавената новогодишна потрошувачка кошничка

Нови мерки за ограничување на цените на основните производи пред Нова година.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови мерки за ограничување на цените на основните производи пред Нова година. Најавата на премиерот Мицкоски дека владата веќе ја скрои новата потрошувачка кошничка за граѓаните е добредојдена. Велат дека вакви мерки требало да се донесат многу поодамна, а резултат ќе има само ако трговците го почитуваат законот и не ги зголемуваат цените. Има и такви кои велат дека цените не се високи, туку платите во државата се ниски. Со години предходната власт работеше само во свој интерес и не водеше грижа за народот, велат анкетираните.

Лебот, млечните производи, месото, се дел од производите за кои граѓаните сметаат дека треба да се најдат на списокот на новогодишната кошничка.

Од СДСМ обвинија дека мерката на Владата со замрзнување на маржите или таканаречената есенска кошничка не дала никаков ефект и цените не се намалиле. Државниот завод за статистика го потврдила тоа и дека цените на мало во месец октомври се намалиле само за 0,1%.

Реклама

„Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај. Нашите граѓаните секојдневно се борат со високите цени. Мерката на Владата со замрзнување на маржите или така наречената есенска кошничка не даде никаков ефект и цените не се намалија. Државниот завод за статистика го потврди тоа, цените на мало во месец октомври се намалиле само 0.1%“, велат од СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ им одговорија дека во изминатите пет месеци владата е фоксусирана да го надомести она што СДСМ и ДУИ го не го направиле во изминатите 7 години во економијата и дека нивниот план е да се насочат кон структурни решнија кои ќе водат кон стабилност на долгорочен план.

„Целта на ВМРО-ДПМНЕ е подобар животен стандард за сите граѓани и инвестиции. Економијата постепено заздравува и покрај ужасната нерамнотежа која ја предизвика СДС, благодарение на мерките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните добиваат партнер во Владата. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Премиерот Мицкоски рече дека е задоволен од резултатите што ги даде есенската кошничка во пресрет на зимата и најави и нова со која граѓаните повторно ќе ги почувствуваат ефектите.

Љубиша Владимиров