Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Граѓаните се задоволни од досегашната работа на владата и на премиерот

Македонија се движи во вистинскиот правец, а премиерот Христијан Мицкоски и новата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се движи во вистинскиот правец, а премиерот Христијан Мицкоски и новата Влада, ја имаат довербата од мнозинството граѓани. Ова го покажува најновата анкета на „Маркет Вижн“ направена по нарачка на МКД.мк, во која граѓаните дадоа позитивна оценка за работата на владата во првите пет месеци. Анкетата покажа дека 40,3 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни или многу задоволни од работата на Христијан Мицкоски.

Македонските граѓани се задоволни и од работата на Владата во изминатите пет месеци. Вкупно 38.9 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни или се многу задоволни. Немаат став 24,4%, а 31,2 отсто одговориле дека не се задоволни или воопшто не се задоволни.

Дека Македонија се движи во правилна насока сметаат 35,6 отсто од испитаниците, додека 34,3 сметаат дека се движи во погрешна насока. И за мерките кои оваа Влада ги презеде, особено оние поврзани со распределбата на средствата од кредитот од Унгарија, македонските граѓани главно имаат позитивиен став. 30.3% одговориле дека ја одобруваат ваквата одлука. Не ја одобруваат 22,4% додека неутрални биле 23,6%. Не сакале да одговорат затоа што немале доволно информации биле 23% од испитаниците.

Реклама

Според анкетата премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски убедливо е на првото место на листата на политичари во кои граѓаните на Македонија имаат доверба со рејтинг од 27,2%. За разлика од него Венко Филипче како лидер на СДСМ ужива само 3,6% доверба.. ВМРО ДМНЕ останува цврсто на врвот на листата од партии за која граѓаните би гласале ако утре се одржат нови парламентарни избори, а СДСМ падна на четвртата позиција.

Анкетата на агенцијата Маркет вижн била направена од 6 до 15 декември на 1200 испитаници.

Љубиша Владимиров