Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Граѓаните од струмичко имаат рок до 10 февруари да поднесат барање за обештетување

Граѓаните од Струмица и струмичко, кои претрпеа штети од поплавите што го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните од Струмица и струмичко, кои претрпеа штети од поплавите што го зафатија регионот минатиот месец, од денеска можат да поднесуваат барање до општинската Комисија за проценка на штети. Интересот е голем, со оглед на сериозната состојба по обилните врнежи од дожд, откако реките се излееја од своите корита и направија пустош по земјоделските површини и домовите.

„Граѓаните веќе пројавуваат интерес за првично да се информираат во однос на документацијата, бидејќи еден од условите за обештетување е комплетна документација. Има разни случаи во однос на поплавите и ги информираме граѓаните да си поднесат пријави“, изјави Емилија Пандева, советник за нормативно-правни односи во Општина Струмица.

Од Општина Струмица апелираат граѓаните кои претрпеле штети, задолжително покрај потребната документација со која ќе докажат дека имотот е нивни, да поднесат и барање кое можат лично да го подигнат или да го симнат од општинската веб-страница. Документите можат да ги доставуваат најдоцна до 10 февруари, по што комисијата ќе излезе на терен за да изврши увид. Извештајот потоа ќе биде доставен до надлежните институции и министерства.

Реклама

„Потребно е да се достави комплетна документација, вклучувајќи имотен лист на име на барателот и пожелно е да не биде постар од шест месеци, нотарски заверена изјава дека имотот не е осигуран, како и лични податоци и трансакциска сметка. Поплавениот имот треба да биде внесен во имотен лист, во спротивно барањето нема да биде разгледано“, објаснува Пандева, советник за нормативно-правни односи во Општина Струмица.

Обилните врнежи од дожд на 26 и 27 минатиот месец најголеми штети предизвикаа во селото Костурино, каде надојдените води од река Тркања однесоа 56 овци, една коза и 120 јагниња од бачилото на Никола Колев. Со поддршка на Министерството за земјоделство и општествено одговорни компании неговото стадо повторно ќе биде обновено. Поројните дождови направија пустош и по струмичките ниви и пластеници, а штети беа евидентирани и во селата Муртино и Сачево.