Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Граѓаните гледаат кој како работи, oпозицијата манипулира и клевети, вели Мицкоски

Опозицискиот СДСМ и лидерот Венко Филипче не може да ја споредуваат работата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозицискиот СДСМ и лидерот Венко Филипче не може да ја споредуваат работата на владата, од чиј дел беше и тој, со работата и мерките што ги презема сегашната Влада – смета премиерот премиерот Христијан Мицкоски затоа што, како што истакна, таа, меѓу другото, ќе биде запаметена како власт што тогаш најлошо се справила со ковид-пандемијата, по бруталниот поткуп и менувањето закони во пет до 12 пред избори, по горењето живи луѓе во модуларната болница, молењето за вакцини и провизии од тендери за нивна набавка.

– Вчера ја гледав прес-конференцијата на претседателот на СДСМ. Таму тој се повика на мерките што биле преземени за време на ковид-кризата и пандемијата и правеше разлика и споредба на оваа мерка со тие и по што тие ќе останеле запаметени. Но заборави да каже дека единственото нешто по што ќе бидат од тогаш запаметени е фактот што како држава најлошо се справивме со ковид-пандемијата, односно имавме најголем број смртни случаи на жител во споредба со сите европски земји – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коментар на критиките од лидерот на опозицијата дека Владата не презема доволно мерки за заштита на стандардот на граѓаните. 

Мицкоски истакна дека Филипче заборавил да ја спомене мерката, од, како што рече, неколку десетици милиони евра уплатени на „Стабри“, компанијата од Хонг Конг, која, наместо да биде специјализирана за набавка на вакцини, е специјализирана за трговија со јужно овошје.

Реклама

– Заборави да каже за бруталниот поткуп на изборите во 2020 година кога со уредби со сила на законот се менуваа закони во пет до дванаесет. Заборави да ја спомне и трагедијата во модуларната болница овде (Тетово) кога луѓе живи гореа бидејќи тие модуларни болници се дел од мерките што Владата на СДСМ и ДУИ ги носеше во тој период. Заборави да каже за сите оние провизии од тендери, заборави да каже како коленичеа на граница да добијат пет илјади вакцини донација од соседна Србија, заборави да каже како македонските граѓани во отсуство на грижа од страна на Владата коленичеа во соседството да добијат и да аплицираат вакцина против ковид и заборави три точки уште многу работи да каже. Тоа нема да го слушнете на лажните клеветнички прес-конференции на опозицијата, но затоа ќе слушнете како конструираат и измислуваат – рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во општина Тетово.

Премиерот смета дека граѓаните гледаат кој што прави и како работи и во согласност со тоа ја даваат поддршката на изборите.

– СДСМ повторно ги навредува граѓаните и мисли дека политиките на СДСМ и ДУИ од минатото може да ги споредуваат со политиките на оваа Влада. Граѓаните тоа го гледаат и впрочем тоа го кажаа и на претходните локални избори, а ќе го кажат и на следните парламентарни избори – рече премиерот Мицкоски.