Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Граѓаните бараат одговорност од судскиот систем и најстрога казна за возачот што ја прегази Фросина Кулакова

Одговорност од судската власт и најстрога затворска казна за 20 годишниот Васил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одговорност од судската власт и најстрога затворска казна за 20 годишниот Васил Јованов кој ја прегази младата дизајнерка од Неготино побараа граѓаните на протестот што се одржа на пешачкиот премин кај Универзална сала. Граѓаните се гневни бидејќи на Јованов му е судено за дрога, но наместо затвор му е пресудено со воспитна мерка. Човечкиот живот не се враќа со врски, ова е убиство не трагедија!. Силни пораки испратија граѓаните до судиите и гонителите на прогонот во државава. Со солзи во очите голем број на граѓани стоеја во редици и положија цвеќиња и свеки за младиот згаснат живот на Фросина Кулакова.

Од пешачкиот премин кај Универзална сала, граѓаните се упатија кон Собранието и Кривичниот суд. Најпрво, сакаа да се упатат во скопско Влае пред куќата на родителите на возачот Јованов, но сепак се одлучија за протест пред институциите.

По завршување на протестот Кривичниот суд се огласи со соопштение. На судот не му е јасно зошто јавноста ги поврзува случајот во кој Васил е пуштен од притвор, со смртоносното прегазување на Фросина.

Реклама

На 31.07.20204 година Јованов бил првостепено осуден, по кој постапувала судијата Даниела Алексовска Стојановска, и тоа за две кривични дела Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори со која пресуда заради неговата возраст, со неполни 20 години, а во согласно одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка:

Средата што измина беше кобна за Фросина Кулакова. 15 тина минути пред полноќ на семафорот кај Силбо младата дизајнерка од Неготино Фросина Кулакова тргнала на зелено преку пешачкиот премин од Универзална кон пекарата. Васил Јованов пијан и без возачка дозвола летал со 130 километри на час. Не застанал на црвено. Ударот во левата страна на пежото 207 што го возел 20 годишниот Јованнов бил смртоносен за 22 годишната дизајнерка.

На Јованов ова не му првпат да има судири со законот. Лани во март против него е покрената истрага за неовластено производство и дилање на дрога. На 2 април тој е лишен од слобода и е сместен во Истражниот затвор Шутка. Два месеци трае истрагата против него и за цело време тој е во притвор. Крајот на мај е поднесено обвиниение против него и притворот му е продолжен. Јованов ќе беше во притвор ако судијката Даниела Стојановска Алексиевска од Кривичнитот суд во Скопје го осуди за дрога наместо да го упати во воспитно поправен дом. Со пресудата укинат му е притворот и тој од август 2024-та е на слобода. Обвинителството се жалело на воспитната мерка во септември и случајот е се уште на одлучување во скопска Апелација.