Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Економија

Градскиот воз тргнува на први септември, до Нова година стигнуваат и првите електрични автобуси

На први септември ќе тргне градскиот воз. Последните коориднации се во тек,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На први септември ќе тргне градскиот воз. Последните коориднации се во тек, за десетина дена ќе биде подготвен возниот ред, а на 21-ви август проектот треба да добие и технички прием. Целта е да се олесни секојдневното патување на скопјани од Зелениково до Центар преку Драчево и Ново Лисиче.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека за градскиот воз ќе бидат ставени на располагање најновите железнички гарнитури со кои располага државата – две електрични и една дизел локомотива.

  • Имаме координација помеѓу Министерството за транспорт, Железници инфраструктура, Железници транспорт, Град Скопје и ЈСП. Една од точките се и возните редови, затоа што сакаме да ги усогласиме со ЈСП. Нашата основна цел ќе биде тие да одговараат на учениците, пред сè на средношколците, затоа што сум убеден дека многу средношколци ќе го користат градскиот воз, особено поради тоа што околу железничката станица има неколку средни училишта“, рече Николоски.

Дополнително градскиот метеж сигурно ќе го олесни и набавката на нови 150 електрични автобуси од кои најголемиот дел ќе бидар за превоз во главниот град. До крајот на годинава се очекува да стигнат првите 30. Николоски вели дека според јавната набавка, планирано е целата постапка да заврши за година и пол.

Реклама
  • Заврши процесот на жалба, така што овој пат процесот е целосно завршен, сега влегуваме во процес на потпишување на договор, иако рокот на испорака е 6 месеци од денот на потпишување на договорот, моето барање од понудувачот е првите автобуси да стигнат во декември месец,“ рече Николоски.

Според министерот за транспорт, со најголемиот грант досега за Македонија од речеси 150 милиони евра ќе биде завршена изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8. Обезбедени се и 350 милиони евра поволни кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, со што целосно е затворена финансиската конструкција за изградбата на третата делница од пругата кон Бугарија.

https://youtu.be/a2SRR6t8Jck