Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Градот-првоборец Прилеп, достоинствено ја чествува 83-тата годишнина од почетокот на Народното вооружено востание против фашистичките окупатори

Гордо простумејќи, но и со длабок наклон и почит за саможртвата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гордо простумејќи, но и со длабок наклон и почит за саможртвата на одважниците кои во воената 1941-ва храбро се кренаа против фашистичката окупација на Македонија, херојски Прилеп достоинствено ја чествува 83-тата годишнина од почетокот на народното вооружено востание. Светол, но и крвав датум од поновата, инаку многувековна бурна македонска историја, а нераскинливо поврзан со градот – првоборец Прилеп, од каде, во мугрите на тоа „црвено“ октомвриско утро, со нападот на градот и на бугарскиот Затвор – Участакот од страна на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“, започна Македонското вооружено востание против окупаторите и фашизмот. Овој настан е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ преку кој Македонија не станала квислиншка територија, туку жешко подрачје за фашистичкиот окупатор.

 „Тој победнички истрел кој што се случил тука во Прилеп на 11-ти Октомври 1941 год., не бил само симболичен чин. Напротив, тоа било едно автентично сведоштво на определбата на македонскиот народ да се истрае на балканската ветрометина и од почетокот на борбата, па се до победата над фашизмот на 9 мај 1945 год. да биде на страната на антихителровската коалиција“, – рече Рубин Белчески од ОО на Сјузот на борци од Прилеп.

   „Прилеп, градот-херој гордо стои како споменик на непокорот, храброста и борбата за слобода. 83 години од почетокот на отпорот, односно од почетокот на борбата против фашистичката окупација во Македонија, го покажува духот на нашиот народ. Духот кој што ни остава една традиција да се надградуваме и секогаш со сплотеност и сложност да можеме да се спротиставиме на сите предизвици кои што ја затекнаа нашата Македонија“, – истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Реклама

 „Нашата обврска е да продолжиме да ја градиме традицијата и да ги одржуваме и сите добрососедски односи, и нормално, и да ја зачуваме нашата Република Македонија“, – порача Цветан Трипуноски, министер.

  Пред моштите на паднатите борци во Алејата на Могилата на непобедените во Прилеп, денеска, за првпат, се поклонија и членови на извесни антифашистички здруженија од Србија, Хрватска и Словенија.

  „Дојдовме денеска овде за заедно со вас да го отпразнуваме вашиот празник, да ве поздравиме и да ви ги пренесеме нашите темелни цели, а тоа е пред се, трајното наследство кое што сме го наследиле од минатите времиња во борбата против фашизмот“, – вели Мијо Миљак, потпретседател на Друштвото „Јосип Броз-Тито“ од Пула.

 „Мислам дека би требало многу повеќе да соработуваме. Нашите антифашистички организации од нашите шест републики, би требало многу повеќе да соработуваат. Најдобар пример е еве нашата соработка со нашите колеги од Словенија и Истра. Ние имаме заеднички корени и заедно сме се бореле за оваа крвава слобода која денес сите ја уживаме“, – кажа Борис Петковиќ, генерален секретар на Југословенскиот центар „Тито“ од Белград.

  Инаку, Прилеп во текот на НОБ учествивал со 8.000 активни борци и со околу 650 жртви. Од нив 154 се носители на партизанска споменица, а 15 се прогласени за народни херои.

   Каролина Дурло