Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Градоначалникот Коњановски приреди прием за победниците на натпреварот „Средношколец – Милионер“

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски приреди прием за учениците Иван Секуловски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски приреди прием за учениците Иван Секуловски од СОУ „Јосип Броз Тито“, Јован Талевски од СОУ „Ѓорѓи Наумов“ и Марио Рабаџиевски од СОУ „Таки Даскало“, кои како тим „Стеј Би“ победија на натпреварот „Средношколец – Милионер“.

Младите битолчани победија со нивната бизнис идеја „Систем 4“, за напредни алатки со вештачка интелигенција за сервис за луксузни ресторани и хотели, односно систем за контактирање на бизниси, потоа телефонски агент кој го заменува рецепционерот, асистенти за интернет страниците и самите веб страници.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека Коњановски им честитал за освоената награда и нивната мотивираност да се борат со своите идеи пред предизвиците на модерното време, охрабрувајќи ги и нив и сите други млади да бидат успешни млади луѓе во креирањето на својата кариера и иднина.

Реклама

– Општина Битола ќе продолжи да ги поддржува активностите и креативните идеи на младите луѓе, посочија од тамошната локална самоуправа.