Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Градоначалникот Георгиевски оствари работна средба со министерот Салиу

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со Министерот задолжен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со Министерот задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, Шабан Салиу.

На средбата, информираат од Општината, се разговараше за унапредување на меѓуинституционалната соработка и можностите за реализација на заеднички проекти од интерес на граѓаните. Беа разменети мислења и идеи за креирање политики и активности насочени кон подобрување на условите за живот, со посебен акцент на инклузијата и еднаквите можности. Притоа, беше истакната важноста од координирано делување помеѓу локалната и централната власт со цел реализација на проекти кои ќе придонесат за поквалитетен живот на сите граѓани.

Градоначалникот Георгиевски ја нагласи заложбата на Општина Илинден за градење современа, инклузивна и развиена локална заедница, во која сите граѓани ќе имаат еднакви можности за напредок и активно учество во општествениот живот.