Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Градоначалниците задоволни од почетокот на владиниот проект за финансиска помош за развој на општините

Нови градинки, училишта, спортски сали, инфраструктурни проекти, решавање на децениските проблеми на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови градинки, училишта, спортски сали, инфраструктурни проекти, решавање на децениските проблеми на граѓаните – градоначалниците ги подготвуваат проектите со кои ќе аплицираат за владината помош од 100 милиони евра за оваа година и 250 милиони евра за 2025. Првите луѓе на локалните самоуправи го поздравија чекорот на владата кој според нив ќе донесе за вистински развој. Тие велат дека ова е показател за партнерскиот однос на владата кон општините и генерално кон граѓаните, а вакво освежување е потребно поради ограничениот буџет кој го имаат општините.

Ова е историски важен проект за општините, за вистински развој. Ова е показател за партнерски однос од владара кон општините и граѓаните. Гази Баба планира да аплицира со пет проекти, нова детсак гр во Инџигово, спортска сала во Црешево, комплетна реконструкција на Домот за култура во Ченто, афалтирање на улица 1 и улица два кај Маџари и Ќерамидница кои ќе бидат предуслов за изградба на нова детска градинка.  Формирана е работна група и работи на пополнување на формуларите за аплицирање, и ќе ја доставиме целосната документација. Единиците за локална самоуправа генерално имаат лимитирани основи за финансирање, тука се работи за инфраструктурни проекти, решавање на децениски проблеми, недостаток на атмосферска канализација, фекална канализација, нови детси градинки, спортски сали, комунална инфраструктура. Ова ќе биде особено важно за граѓаните да им бидат сервисирани потребите“, вели Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.

Не се работи само за проекти кои се ветени во предизборие, туку и за сервисирање на услугите кон граѓаните, посебно во делот на патната и комуналната инфраструктура. Градоначалникот на Ѓорче Петров најави дека општината спрема проекти и за повиците за следната година.

Реклама

„Ова е добра можност за сите општини. Ѓорче Петров ќе добие околу 2 милиони евра, пари кои сме спремни да ги искористиме. Работиме постојано на нови пректи. Ќе аплицираме со проект за нова детска градинка, пробивање на улицата социјалистичка зора и дрги проекти за улиците во урбаниот дел од општината да вложиме во инфраструктурата. Се спремаме и за повииците и за наредната година. Овде не се работи само за проекти кои ние сме ги ветиле, туку за сите суштински проекти кои имаме потреба генерално како општини а потребен е голем буџет за тоа. Не само овој повик, сите повици ќе бидат да ги решиме децениските проблеми на жителите. Да изградиме нови градинки, да ги реконструираме училиштата, да се вложува во инфраструктура. Ова е еден полн погодок за општините и генерално за цела Македонија“, вели Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.

Нови пешачки патеки, реконструкција на мостови и улици, да се подобри комуналната инфраструктура, водовод и канализација, најави првиот човек на Општина Аеродром.

„Општина Аеродром ќе аплицира со 10 тина проекти за подобрување на комуналната инфраструктура, водоводи, канализации, санација и реконструкција на мостови, улици, пешачки патеки. Општините начинот  на финансирање е ограничен и оваа помош од владата е многу значајна за да се реализираат проектите и оние кои се дел од предизборни ветувања но и сите други потребни проекти за да се подобри животот на граѓаните“, вели Дејан Митески в.д. градоначалник на општина Аеродром.

Минатата недела премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински официјално го најавија почетокот на јавниот повик. Општините ќе можат да аплицираат за инфраструктурни проекти од областа на култура, спорт, животна средина, патна инфраструктура, социјалната политика и образование.

Средствата ќе се доделуваат преку 6-те ресорни министерства: За култура и туризам; Министерството за транспорт; Министерството за социјална политика, демографија и млади; Министерството за образование и наука; Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за спорт.

За следење на целиот процес, формирано е владино координативно тело, кое што ќе го предводи Министерството за локална самоуправа и во истото ќе членуваат претставници од сите ресорни министерства.

Адријана Алексиеска