Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Град Скопје започна постапка за присилна наплата на данок на имот за 2021 година

Град Скопје започна со постапката за присилна наплата на неплатениот данок на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Град Скопје започна со постапката за присилна наплата на неплатениот данок на имот за 2021 година, поради тоа што значителен број даночни обврзници и покрај јавниот повик не ги подмириле своите обврски, соопштија од градот.

Од Градот потсетуваат дека јавен повик за подмирување на заостанати долгови по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина беше објавен на 9 декември 2025 година.

Според податоците заклучно со 23 јануари 2026 година, вкупно 830 даночни обврзници ги платиле заостанатите обврски во износ од 20.107.103 денари.

Реклама

Во рамките на започнатата постапка за присилна наплата утврдено е дека 37.655 физички лица и 1.926 правни лица не го подмириле долгот за данок на имот за 2021 година. Вкупниот износ на неплатените обврски изнесува 148.466.661 денари.

Од Град Скопје информираат дека за 16.372 даночни обврзници веќе се изготвени и доставени решенија за забрана на средства до деловните банки, а останатите 23.209 решенија ќе им бидат доставени до крајот на тековната недела.

Град Скопје упати повик до сите граѓани и правни лица кои сè уште имаат неплатени обврски по основ на данок на имот и комунални такси да ги подмират во најкраток можен рок, бидејќи постапката за присилна наплата ќе продолжи кон сите должници.

Граѓаните можат да извршат увид во својата даночна состојба преку електронскиот портал на Град Скопје на адресата: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml, каде што е овозможено и електронско плаќање.

Од Градот изразуваат благодарност до сите кои навремено ги подмируваат своите обврски и на тој начин придонесуваат за подобри услуги и развој на градот, дополнувајќи дека ќе продолжат да работат транспарентно и отчетно во интерес на граѓаните.