Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Граѓаните поблиску до ЕУ Роаминг без дополнителни трошоци

Македонските граѓани се чекор поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци. Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските граѓани се чекор поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци. Министерството за дигитална трансформација информираше дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации се влезени во владина процедура. Со овие измени, Македонија ги исполнува правните обврски за усогласување со европските стандарди во областа на роамингот, со цел поголема заштита, поголема транспарентност и пониски и предвидливи трошоци за граѓаните при користење мобилни услуги во роаминг во земјите членки на Европската Унија.

Македонија веќе е дел од регионалниот договор за роаминг во Западен Балкан, со кој граѓаните користат мобилни услуги во земјите од регионот под услови како дома, без дополнителни роаминг-трошоци.

Министерството за дигитална трансформација очекува дека Владата ќе го утврди текстот на законот до крајот на месецот, а во февруари тој ќе се најде во собраниска процедура и ќе биде усвоен.

Реклама

Оттаму велат дека со овој чекор се исполнуваат условите за постигнување на исти трошоци за повици, пораки и интернет пакети за македонските граѓани кога тие патуваат или престојуваат во ЕУ. По ова, ќе следува донесување на три подзаконски акти од Агенцијата за електронски комуникации, по што сите овие активности ќе бидат споделени со Европската комисија на нивна валидација.