Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Граѓаните го оценуваат како позитивно намалувањето на ДДВ на горивата, очекуваат стабилност на цените

Владината мерка за намалени цени на ДДВ-то на горивата е повеќе од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владината мерка за намалени цени на ДДВ-то на горивата е повеќе од добредојдена за граѓаните. Во услови на нафтена криза, тие велат дека Владата направила вистински потег. По ова очекуваат дека нема да има големи шокови, ниту пак гужви по бензиските на кои се навикнавме по секој нафтен ценовен шок.

Мерката за намален ДДВ за горивата од 18 на 10% беше донесена викендот на владина седница и ќе стартува од вечерва на полноќ со важност од две недели. Според направените пресметки, со намалениот данок државата се откажува од околу 7 денари од секој литар гориво кој би го добила како ДДВ. Ако се има предвид дека дневно се трошат околу 1,6 милиони литри гориво, за две недели државата ќе се откаже од нешто помалку од три милиони евра.

Од стартот на кризата, цените на нафтата драстично пораснаа. Очекувано, тоа се случи и кај нас во Македонија. Сепак она што е значајно е дека цените кај нас и натаму се меѓу најниските во регионот. Во вакви услови, стана честа слика во пограничните региони автомобили од соседството да полнат горива на нашите бензиски станици.