Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Цените на нафтата на берзите рушат рекорди, но горивата во Македонија се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените на нафтата на берзите рушат рекорди, но горивата во Македонија се под  контрола и во моментов се најевтини на Балканот.  На пример, во Македонија од денеска се точи поевтин дизел за два денари по литар и чини 99 денари, односно 1,6 евра. Оваа цена во услови на континуиран голем раст на цената на нафтата на светските берзи е формирана поради тоа што Владата го намали ДДВ од 18 на 10%, а се откажа и од 4 денари од акцизата по литар. 1,6 евра по литар е за 17 евроценти поевтино од Босна и Херцеговина, за 25 евроценти поевтино од Хрватска, за 30 евроценти од Бугарија и Црна Гора, за 38 од Србија и за половина евро, односно за 75 евроценти поевтино од Албанија.

За споредба, Србија, Црна Гора и Хрватска имаат максимални малопродажни цени, Црна Гора има намалена акциза, Грција има намалени давачки и директна финансиска поддршка за дел од граѓаните за трошоците за гориво, додека Албанија и покрај највисоките цени, засега нема никакви мерки за помош на граѓаните.

Од друга страна, и покрај денешното поскапување на бензините, 95-ката во Македонија чини 1,63 евра, што е втор најефтин литар бензин на Балканот по оној во Босна и Херцеговина кадешто се продава за 1,61 евра. Слична цена од 1,65 евра има Бугарија. За 10 евроценти поскапа 95-ка се точи во Хрватска, Србија и Црна Гора, додека драстично повисоки цени има во Грција од 2,20, односно Албанија од 2,25 евра за литар. Македонија од овие држави има поевтин бензин за 57, односно 62 евроценти.

Реклама

Токму граѓаните на Албанија и Грција, заедно со Србите точат горива на бензинските станици во близина на границата и ја зголемуваат потрошувачката на нафтени деривати во Македонија. Премиерот вчера напомена дека притисокот на северните, западните и јужните гранични премини се уште е голем и дека се точеле до два милиони литри горива дневно, од кои 1,5 милиони литри  дизел.

Мицкоски рече дека ако Владата не ги намалеше акцизите и ДДВ-то на дизелот, тој денеска ќе беше поскап за 11 и пол денари по литар. Заштедите за македонските граѓани се до 250 илјади евра само на дизел. Дополнително ефектот од намалените акцизи од 4 денари за дизелот и 2 денари за бензините досега, како и пониското ДДВ, им донеле на возачите вкупна заштеда од 4 и пол милиони евра.