Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Економија

Горивата поскапуваат од два до 2,5 денари по литар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари, а цената на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари, а цената на дизелот се зголемува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47 отсто.

Новата максимална малопродажна цена на „евросупер БС-95„ е 85 денари за литар, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 87, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 93,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 98,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 3,064 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 49,720 денари. 

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени кај сите нафтени деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа кај бензините во просек за 5,324 отсто, кај дизелот за 2,817, кај екстра лесното масло за 3,394 и кај мазутот за 8,305 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,3444 отсто.

Реклама

Потсетуваат дека во оваа пресметка се земени во предвид намалениот износ на акцизата за 4 денари за литар кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и намалениот износ на акцизите за 2 денари за литар кај бензините евросупер БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и намалениот износ на ДДВ за нафтените деривати евросупер БС-95 и евросупер БС-98 во износ од 10 отсто, со исклучок кај дизелските фракции и мазутот.

На најголем дел од бензиниските пумпи во земјава дизелот се продава за три, а бензините за два денари пониско од максималната малопродажна цена што ја определува РКЕ.