Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Ѓорѓиевски се сомнева како мнозинството граѓани дека пожарите свесно се подметнуваат пред избори, има сеопфатен акциски план за чисто и здраво Скопје

Jа споделувам грижата на скопјани. Не само што некој си игра со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Jа споделувам грижата на скопјани. Не само што некој си игра со трпението, туку си игра и со здравјето на илјадници граѓани во Скопје! Го повикувам Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да ги превземат сите неопходни мерки за откривање на сите кои се замешани во свесното и намерно потпалување на сите депонии околу главниот град Скопје. И ги повикувам да постапат брзо, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува фејсбук статусот на Орце Жоржиевски. 

Институциите треба и мора да делуваат, а здравјето на граѓаните да биде заштитено.

Она што сите го гледаме, го зборуваме, размислуваме и посочуваме ќе го кажам јавно.

Реклама

Постојат основани и отворени сомнежи кај мене, а и кај сите луѓе со кои разговарам, дека поголем дел од пожарите кои се случуваат овие денови се подметнати со цел создавање на вештачка криза во општеството во очи на претстојните локални избори. Никогаш во последните неколку децении не ни се случувало ова, да се палат ридови и сите ѓубришта во радиус од 20 километри околу главниот град.

Овие пожари се со цел да се предизвикаат политички пожари. За жал граѓаните и ние скопјани сме жртви. На ова мора да му се стави крај.

Верувам дека институциите ќе постапат и ќе дејствуваат брзо.

Најавувам дека по одржувањето на локалните избори првата и основна задача ќе ми биде создавање на систем каде нема да има пожари, Скопје ќе биде чисто, а депониите нема да бидат веќе проблем туку решение. Имам План за чисто и здраво Скопје. Имаме комунални претпријатија со илјадници вработени, а немаме кој да се грижи за комуналниот ред.

На овој напад против животната средина и против здравјето на граѓаните мора да му се стави крај.