Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Македонија

Ѓорѓиевски: Одредени политички партии и групации сакаат да профитираат политички од подметнатите пожари

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ  за претстојните локални избори беше гостин во ,,Утринско  еспресо“ на Радио Лидер. Меѓу останатото, Ѓорѓиевски зборуваше за актуелните случувања околу пожарите, информира ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

,,Ние имаме прво борба со нелуѓе  коишто за да профитираат политички се во состојба да загрозат и човечки животи. Треба објективно да погледнеме. Тоа и претседателот на Владата го кажа вчера, кој од сето ова профитира, и на кого му одговара ваква состојба да го доведе народот во заблуда и ова да биде главна тема“, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна дека доколку беше еден ваков случај, тогаш може да се прават разни претпоставки, но според него, иако тој додаде дека има институции надлежни за истото, истрагата треба да биде насочена и да се открие кој профитира од овие настани.

Реклама

,,Еве ако немаше на другите позиции материјален доказ, сега има материјален доказ. И евидентно е дека треба истрагата да оди во насока да се види на кого сето ова му одговара. Да се случеше еден случај ваков, и да имаше снимка од тој случај тогаш можеме ние разни претпоставки да имаме која е причината за сето тоа“ кажа Ѓорѓиевски и додаде:

,,Последователно во период од 20 дена кадешто на одредени политички партии и групации, главна кампања им е загадувањето во Скопје за којшто имаа шанси години наназад да извлијаат и да ја подобрат состојбата. Тоа да им биде целодневна преокупација, и само за истото да говорат и да имаат по неколку јавни настапи, тогаш мислам дека јасно треба да ни е на сите. Само објективно согледувам кои се фактите и кој од ова може да профитира. На кого ова му оди во прилог“, заклучи Ѓорѓиевски.