Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Ѓорѓиевски на одбележувањето на Денот на згрижувачките семејства

Претседателот на ЗЕЛС и Градоначалник Орце Ѓорѓиевски заедно со заменик министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ЗЕЛС и Градоначалник Орце Ѓорѓиевски заедно со заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес беше дел од настанот кој се одржуваше во Јавната установа Детски Дом „11 Октомври“ -Скопје по повод Денот на згрижувачките семејства и Меѓународниот ден на детето.

-Денешниот настан, кој се одржува под мотото „Љубовта започнува дома – Биди херој на едно детство – Биди згрижувач!“ има длабока порака која нè потсетува на суштината на човечноста – љубовта, грижата и подадената рака за оние на кои им е најпотребна. Како градоначалник на Општина Кисела Вода, со гордост можам да кажам дека во нашата општина моментално функционираат 15 згрижувачки семејства, во кои се сместени вкупно 19 деца. Тоа се 19 деца кои нашле безбедност, грижа и стабилна средина за растење. Но, мораме реално да кажеме дека тоа не е доволно и дека се потребни уште повеќе згрижувачки семејства, уште повеќе луѓе подготвени да помогнат и да дадат дом, топлина, поддршка и можност за среќно детство. Ја препознавам хуманоста на нашите сограѓани и им се поклонувам на оние кои ја направиле оваа благородна одлука. Да се биде згрижувач значи да се дарува нова шанса, да се дарува љубов таму каде што најмногу недостасува. Тоа е чин на највисока човечка доблест.

Како локална самоуправа, подготвени сме да продолжиме да даваме поддршка за овие семејства и да работиме на подигнување на свеста, со цел да се зголеми бројот на згрижувачи. Воедно, како Претседател на ЗЕЛС, ќе започнам кампања во сите општини низ Република Македонија, со цел да го зголемиме бројот на згрижувачки семејства.

Реклама

Секоја приказна што започнува со љубов – има потенцијал да го промени светот. А секој од нас може да биде дел од таа приказна-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.