Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Ѓорѓиевски демантира дека по пожарот во Расадник ќе се градат згради

Додека јас сум градоначалник во Расадник нема да се градат згради. Ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека јас сум градоначалник во Расадник нема да се градат згради. Ова го вели градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој ги негираше сите шпекулации и коментари кои вчера се појавија на социјалните мрежи дека во овој дел од градот намерно бил подметнат пожар за да се изградат станбени објекти.

Ѓорѓиевски вели дека ваквите шпекулации се смешни затоа што тој е оној кој уште на почетокот спречил да се реализира деталниот урбанистички план на поранешната влада на СДСМ и ДУИ со кој се предвидуваше да се изградат 99 згради.

„Уште да биде потрагично оние кои што сакаат тој дуп да го донесат гледам дека се активирани на ова прашање, и пишуваат дека се палело за да се гради. Таму нема детален урбанистички план. Еве апелирам до тие душегрижници слободно можат некоја полјоделска, некој полјоделски производ да садат таму, така да таму е земјоделско земјиште, таму нема простор за градба. Јас одговорно тврдам. Јас сум тој кој што спречи изградба на 99 згради таму заедно со граѓаните“, вели градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Реклама

Ѓорѓиевски вели дека во иднина ќе се заложи да се поништи штетниот ДУП за Расадник и да се обајви меѓународен конкурст и општината транспарентно да го води процесот. Вели дека ниту една било каква непогода нема да може да влијае против неговата намера граѓаните заедно со експертите да го креираат и изберат новиот ДУП.

Ако во иднина нешто се гради на овој простор тоа ќе бидат градинки, училишта, трговски центар или пак црква, вели Ѓорѓиевски. Инаку Голем пожар синоќа го зафати расадникот во Кисела Вода. Како што информираше директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, овој невообичаен шумски пожар среде град греа ореови дрвја, грмушки и трева. За среќа немаше настаната никаква материјална штета и немаше човечки жртви.

Љубиша Владимиров