Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Ѓорѓиевски: Честит празник, граду мој!

​Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес положи цвеќе пред паметникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

​Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес положи цвеќе пред паметникот на загинатите борци кои животот го положија за слободата на Скопје.

Тој се осврна на историскиот момент и заслугата на партизаните за слободата која денес ја живееме, но и за обврската кон нив која ја имаме за Скопје повторно да биде убав град и поубаво место за живеење.

-Честит празник, граду мој!

Реклама

Денешниот ден е симбол на една борба, на непокор, на храбриот македонски народ кој застанал на вистинската страна на историјата.

Славиме еден јубилеј, славиме 80 години од моментот кога нашето Скопје беше ослободено од фашистичкиот окупатор и неговите слуги.Го славиме денот кога се развеа знамето на слободата над градот убав – СКОПЈЕ Е ОСЛОБОДЕНО!

И денес се поклонуваме на најзаслужните, на плејадата борци, на хероите кои го положија својот живот и го славиме и чуваме нивното возвишено дело.Секој наш придонес кон поубав град е благодарност кон тие кои ни ја подарија слободата.

А ние, имаме обврска кон предците да ја градиме приказната за Скопје и ветувам – ќе го дадеме и последниот атом од нас повторно да му дадеме нов, модерен лик и да го направиме град во кој ќе биде гордост да се живее. 

Скопје го чекаат поубави времиња, тој повторно ќе биде горд град!

Да живее слободно Скопје, да живее Македонија! – истакна Ѓорѓиевск