Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Ѓорѓиевски: Арсовска да ги внесе приоритетите на скопските општини во Буџетот за 2025 година

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со останатите градоначалници од скопските општини, денес учествуваше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со останатите градоначалници од скопските општини, денес учествуваше на координативна средба со Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, каде повторно изостана присуството на градоначалничката Данела Арсовска. Средбата беше свикана во контекст на подготовката на буџетот за 2025 година, чија содржина, се крие не само од Советот на Град Скопје туку и од сите граѓани. Градоначалниците на општините во Скопје се договорија за неколку клучни чекори, меѓу кои:

-До петок да достават приоритетни проекти за вклучување во буџетот за 2025 година, иако истиот не е транспарентно презентиран и Советот не е вклучен во неговото изготвување.

-Побараа поголема координација меѓу градските и општинските служби, за реализација на проекти од значење за граѓаните.

Реклама

-Укажаа дека немањето комуникација и транспарентност од страна на Градот создава хаос што ги засега сите жители на главниот град.

„Арсовска да не се крие и да ги внесе приоритетите на скопјани во Буџетот за 2025!“, изјави Градоначалникот на Општина Кисела Вода и Претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Денес, заедно со колегите градоначалници од скопските општини го посетивме градот Скопје, односно претседателот на Советот Трајко Славевски за да го разгледаме предлог – буџетот за 2025 година и она што е план да се работи во годината што е пред нас.

Како и обично, градоначалникот Арсовска не се појави на овој состанок. Побаравме од градските служби да го дадат на увид предлог-буџетот но, исто како што се крие Арсовска, се кријат и документите од претседателот Славевски и од скопјани.

На овој состанок се договорија и неколку клучни работи:

До петок, сите колеги градоначалници до Советот на градот Скопје да испратат приоритетни проекти кои ќе влезат во Буџетот за 2025 година, со оглед на тоа дека истиот не е даден на увид а при изработката не се вклучени ниту советниците;

Побаравме и поголема меѓуопштинска соработка, за општините да можат да реализираат проекти на простор каде што надлежен е градот.

Немањето координација од страна на градот е сериозен проблем кој ги засега сите скопјани.

Единствено позитивно е што за седум месеци од сега, Скопје ќе биде спасено од овој хаос кој му се случува. Скопје повторно ќе биде горд град-посочи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.