Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Ѓоко Велковски го презентираше оперативниот план за активни мерки за вработување

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски го презентираше оперативниот план…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски го презентираше оперативниот план за активни мерки за вработување, кои од 2007 континуирано секоја година со поддршка на УНПД, се носат во Македонија и истите се во полза пред се на оние лица кои што имаат потешкотии во пронаоѓање работа. На дискусијата збореа експерти по повеќе прашања како што се најновите регионални трендови за развој на иновативни модели за вработување и одржлива зелена агенда и дигитални процеси кај малите и средни претпријатија и кој е вистинскиот имапкт за развој на приватниот сектор. Велковски рече дека се повеќе млади луѓе си заминуваат затоа што државата не нуди можности за вработување и дека не само младите туку и повозрасните заминуваат во соседството и Европските земји каде имаат можност за повисоки плати и примања.

„Денеска сме на презентација на оперативниот план за активни мерки за вработување кои што од 2007 година континуирано секоја година со поддршка на УНПД се носат во Македонија и истите се во полза пред се на оние лица кои што имаат потешкотии при процесот на вработување во Македонија. Меѓутоа она прашање кое си го поставуваме сите и деновие како технички министер јас лично, во поглед на тоа што оние кои што треба реално да се вработат, немаат одредени можности или не им се нуди можнсот од страна на државата, а иако имаат можност тоа да го направат оние мерки активности кои ги презема самата држава во поглед на поддршка на компаниите кои што се во Македонија немаат можност со самите примања како такви да го надоместат она што реално луѓето и оние кои што сакаат да се вработат треба да го добијат како надоместок и поради истото се случува во Македонија многу млади луѓе заминуваат од државата поради подобар и поквалитетен работен статус да добијат, но не само млади луѓе, ако гледате статистички и многу повозрасни лица заминуваат од Македонија поради можноста за повисоки плати и примања и подобри мерки. Во другите соседни држави и Европа имаат подобар и поквалитетен начин на живеење“, рече Велковски.