Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Годишниот извештај за работата на УГД-Штип на матичната собраниска комисија

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за образование, наука и спорт, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за образование, наука и спорт, на чиј дневен ред е Годишниот извештај за работата на ректорот на Универзитет „Гоце Делчев” – Штип за периодот 2024-2025 година.

Во Извештајот објавен на веб-страната на Собрание се посочува дека приклучувањето на УГД кон Европската универзитетска алијанса ACE²EU  претставува клучен момент во развојот на Универзитетот. Со ова, како што се посочува, Универзитетот е  интегриран во еден заеднички европски кампус кој овозможува развој на заеднички студиски програми, признавање на заеднички микроквалификации, засилена интернационална мобилност, заеднички истражувачки инфраструктури и зголемена институционална конкурентност и видливост во европскиот образовен и истражувачки простор.

-Периодот 2024/2025 година е од особено значење бидејќи Универзитетот активно ја развива својата улога во рамките на Европската универзитетска алијанса ACE²EU, како рамноправна членка заедно со осум други европски универзитети. Во овој период беа реализирани повеќе заеднички активности и проекти во насока на интеграција на академските, истражувачките и иновациските процеси, со што се зацврстува позицијата на Универзитетот како модерен европски универзитет кој активно придонесува во создавање на заеднички европски простор на високо образование и истражување, се вели во Извештајот.

Реклама

И во овој период, како што се наведува во извештајот, Универзитетот останува препознатлив по својот современ пристап 
во високото образование со користење на голем број дигитални алатки и платформи, како е-индекс, е-учење, е репозиториум, е-библиотека, е-журнали, е-календар, е-распоред.

-Во овој извештаен период беа направени значајни подобрувања во интеграцијата на овие системи, како и активности поврзани со развојот на интерниот портал за колаборација и комуникација и подготовката на оперативната рамка за дигиталниот меѓууниверзитетски кампус (е-Campus) во рамките на ACE²EU алијансата. Преку овие активности, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ја потврдува својата водечка улога во високото образование во државата и регионот, демонстрирајќи пример за современо управување, европска поврзаност и постојан стремеж кон квалитет, иновации и меѓународна препознатливост. Овој Извештај за работа на ректорот дава севкупна слика за реализираните активности во академската 2024/2025 година и претставува основа за идните развојни чекори на Универзитетот, се вели во Извештајот на УГД-Штип.