Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Година на финансиска стабилизација и кадровски напредок во Клиничката болница во Штип

Година на финнсиска стабилизација, вака директорот на најголемиот здравствен центар во источниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Година на финнсиска стабилизација, вака директорот на најголемиот здравствен центар во источниот дел на државата ја оценува годината што изминува. Според д-р Владко Захариев, направен е значителен исчекор во намалувањето на заостанатиот долг. Од август минатата година , до крајот на оваа се вратени над 150 милиони денари. Тој посочува дека при преИма значително намалување на долгот. Најголем дел од  долгот што ќе остане, односно околу 60% е кон Центарот за трансфузиологија.

„Би кажал прво дека е година на финансиска стабилизација…Споредбено со долгот од август 2024, кога ја и презедов функцијата долгот беше 188 милиони денари и очекуваме до 31 декември долгот да го намалиме и да биде околу 35 милиони „ изјави д-р Владко Захариев, директор на Клиничка болница Штип.

Покрај финансиска консолидација, годинава се работеше и на намалување на дефицитот од медицински кадар. Реализирани се 36 нови вработувања, со што значително се подобрена кадровската структура, имајќи во предвид дека со години болницата функционирала   со околу 30% помалку персонал од предвиденото. Преку владиниот проект, во штипската болница се вработија и 18 приватни специјализанти.

Реклама

„Некој од нив веќе специјализираа и веќе се специјалисти во болницата. Го реализиравме и другиот оглас со 18вработувања, каде има седум општи лекари, двајца фармацефти и медицински сестри. Во 2026 ни е стратегија ни е поагресивно да имаме прием на персонал кој во моментот е најдефицитарен, а тоа се медицински сестри, болничари, хегиеничари, администрација и техничачки персонал„ изјави д-рВладко Захариев, директор на Клиничка болница, Штип.

Во моментот се крои буџетот за наредната година. Од Фондот за здравство ќе бараат зголемување за од околу 35 до 40%. И годинава се планирани набавка на нови медицинска опрема, сервисирање на дотраените апарати, како и нови вработувања. Веќе во првите месеци од годината се очекува да биде распишан оглас за вработување на уште 25 медицински сестри, болничари и хигиеничари.