Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Гоцевски: Делчево чекори кон збратимување со три италијански општини

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, за време на неколкудневната работна посета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, за време на неколкудневната работна посета на Италија и Словенија, заедно со делегација од општината, постигна значаен чекор во насока на меѓународна соработка.

Како што информираше преку објава на социјалните мрежи, потпишан е меморандум за соработка и иницирање на процес на збратимување меѓу Општина Делчево и трите италијански општини – Родино, Монфорте д’Алба и Новело.

-Со овој меморандум се отвораат можности за продлабочување на економските, културните и општествените врски, како и за развој на заеднички иницијативи меѓу институциите, бизнис заедницата, училиштата и граѓанските организации, истакна Гоцевски.

Реклама

Документот предвидува формализирање на збратимувањето, размена во областа на културата, туризмот и економијата, како и поттикнување на партнерства што ќе придонесат за локален развој.

Гоцевски истакна дека овој чекор претставува почеток на ново партнерство кое ќе донесе нови можности и ќе ги зајакне врските меѓу заедниците.

Иницијативата, како што нагласи, симболично се реализира во пресрет на велигденските празници, како порака за нови почетоци, заедништво и напредок.