Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Го пере ли СДСМ плаќањето на Израелецот Еисин преку „Марковски компани“?

Како се кеширал израелскиот гуру за пиар стратегиите на СДСМ, Асаф Еисин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како се кеширал израелскиот гуру за пиар стратегиите на СДСМ, Асаф Еисин за кого опозицијата обвини дека џебовите ги полнел од милионските тендери на РЕК Битола што со години ги добива Борче Марковски и неговата Марковски компани?

Обвинителство го направи првиот чекор и хонорарите на Израелецот ги чешла комисијата за изборни нерегуларности, но за омилената компанија на власта која ги добива сите тендери на РЕК Битола, засега нема информации.

Оттаму информираат дека дури во понеделник може да проверат дали за компанијата што за 10 години доби 25 милиони евра од тендери на РЕК Битола и нејзиниот сопственик, постои некаква кривична пријава или, пак обвинител има намера да оформи предмет по допрен глас.

Реклама

Кривичните пријави се водат по физичко лице, а одговорноста на правното лице ја следи одговорноста и на физичкото во зависност од кривичните дела. Не за сите кривични дела е предвидена одговорност за правното лице. За време на викенд не може да се провери, но со цел заштита на пресумпција на невиност и тајност на постапките како и поради можноста со исто име и презиме да се појавуваат повеќе лица во различни обвинителства, ние не објавуваме таков тип на податоци, велат од Јавното обвинителство.

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски кој го отвори скандалот и го вклучи алармот за валканиот кеш на израелскиот пи ар гуру бара од надлежните веднаш да постапат и да истражат со кои пари е платен и какви информации за државата поседува. Тој и во минатото повеќепати предупредуваше дека Марковски компани, чиј сопственик е почесен конзул на Белорусија добива тендери на сомнителен и криминален начин:    

За скандалот со израелецот но и воопшто за фирмата Марковски компани на белорускиот почесен конзул Финансиска полиција и антикорупциска засега се во длабок сон.

Првиот човек на финансиска, Горан Иванов вчера брифираше дека никој не доставил кај нив пријава ниту било каков документ, а ќе постапуваат само ако први се охрабрат другите институции.

Додека Финансиска чека, Антикорупциска и денеска е во длабок молк. Новоизбраната претседателка Татјана Димитровска втор ден не одговара на телефонски повици за да одговори дали е во тек со скандалот за кеширањето израелскиот пиар експерт.

Ллидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини дека Израелецот нашол нова тезга кај СДСМ, откако како што рече прво нему му понудил пиар услуги и фалсификување на документи, при што тој го избркал од неговата канцеларија.

Од кабинетот на Пендаровски велат дека тој само се среќавал со Израелецот, но за ништо не го консултирал бидејќи бил консултатнт на СДСМ, а не негов. Лидерот на СДСМ, Ковачевски негира дека партијата има пиар гуру од Израел.