Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Глобална кампања „16 Дена активизам против родово базирано насилство“

Во Македонија во последните три години биле регистрирани 12 фемициди, а годинава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија во последните три години биле регистрирани 12 фемициди, а годинава имаше пет случаи на насилство врз жени кои завршија кобно во Кавадарци, Неготино, Шуто Оризари, Скопје, Штип и Велес. Од денеска започнува кампањата „16 Дена активизам против родово базирано насилство“ која се одржува секоја година од 25-ти ноември до 10-ти декември. Волонтерите од ХЕРА велат дека жените – жртви на семејно насилство со години се занемарени од институциите и дека кога ќе се охрабрат да пријават не добиваар навремена институционална помош.

Сѐ повеќе жртви се охрабруваат да побараат помош и да проговорат гласно за семејното насилство. Според статистиките пд Националниот совет за родова рамноправност, пријави стигнувале од самата жртва, но и од член на семејството, полицијата или матичниот лекар, а најчесто се пријавувало психичко и физичко насилство.

Реклама

Минатата година 83.000 жени и девојки биле намерно убиени низ целиот свет. Од тој број, 60 проценти биле убиени од партнер или член на семејството. Тоа значи дека околу 50.000 жени биле убиени од некој близок, што значи 137 дневно или една не секои 10 миниту – според извештајот на Обединетите нации објавено по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените.

Давид Крстевски