Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Главниот државен ревизор Ацевски се сретна со албанскиот колега Шеху

Главниот државен ревизор Максим Ацевски, придружуван од официјална делегација на институцијата, вчера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главниот државен ревизор Максим Ацевски, придружуван од официјална делегација на институцијата, вчера во Тирана оствари средба со претседателот на Завод за државна ревизија на Албанија, Арбен Шеху.

Во делегацијата, како што објави Шеху на Фејсбук, биле и заменик-генералниот ревизор Орхан Адеми, советникот Тања Јаневска и ревизорот Христина Дабеска.

За време на средбата, Шеху и Ацевски ја оценија досегашната соработка меѓу двете врховни ревизорски институции, нагласувајќи ја важноста од зајакнување на партнерството и професионалната размена.

Реклама

-Покрај другото се согласивме дека паралелните ревизии остануваат една од најефикасните форми на соработка, бидејќи тие се занимаваат со теми со висока јавна чувствителност и директно влијанаат врз функционирањето на институциите и услугите за граѓаните, напиша Шеху.

Toj додава дека претставниците на заводите за ревизија на двете земји ја изразиле посветеноста за продолжување на заедничките проекти и нивно проширување, со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста во јавната администрација.