Реклама
Прилози

Главната пошта од руина ќе прерасне во мултифункционален културен центар

Централната зграда на Македонска пошта која изгоре пред повеќе од една деценија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Централната зграда на Македонска пошта која изгоре пред повеќе од една деценија, ќе си го врати сјајот по кој ја препознаваа скопјани. Зградата ќе биде целосно реновирана, и ќе добие функција на мултифункционален комплекс, со што ќе биде прилагодена за потребите на Скопје во 2028 година, кога градот ќе стане „Европската престолнина на културата“.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, за време на посетата на Македонската Опера и Балет како дел од неговите редовни посети на институциите од културата, рече дека веќе е донесена одлука за нејзино целосно реновирање.  

„Ние веќе разговаравме со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, пред тој да замине од функцијата. Разговаравме неколку пати, бидејќи седум години имало тенденција Министерството за култура да ја преземе Пошта и таа да стане друг комплекс, односно да има друга намена. Разговаравме и со министерот за транспорт и врски Александар Николовски и донесовме одлука на Влада дека таа ќе биде реновирана и ќе има друга намена, ќе има намена за мултифункционален комплекс, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Реклама

Објектот кој требаше да го симболизира подигнувањето и реконструкцијата на градот по силниот земјотрес што целосно го разурна во 1963 година, века руиниран веќе една деценија стана симбол на системска негрижа за државниот имот и културното наследство.

За целиот овој период се сменија неколку директори и влади, но никој не собра ни сили ни пари за обнова на поштата, а во празниот објект расте трева.  

Љутков најави дека ќе се врати и сјајот на  Македонската опера и Балет. Објектот ќе биде целосно саниран, за што, во текот на вчерашниот ден веќе била распишана јавна набавка.

„Разликата што можам да ја видам од пред две години до денес е многу голема, бидејќи директорот на институцијата има направено повеќе интервенции и во самиот изглед на установата, но и во делот на подобрување на условите на вработените. Директорот е пример како во рок од сто дена може да се направат суштински промени во една голема и обемна институција. Првото нешто што го имате е впечатокот кога ќе се влезете во службениот влез, има сосема нов лик направен со сопствени средства, со донации, со спонзорства“, изјави Љутков.

На прашањето кога Универзалната сала ќе биде ставена во функција, Љутков повтори дека поранешната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска на незаконски начин го презела објектот од град Скопје, но не даде подетално објаснување. Следните чекори за повторно ставање во функција на Универзалната сала, најави за по 10 октомври, кога ќе даде комплетен отчет за сработеното од страна на Министерството.

Љубиша Владимиров