Во наредните денови специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен – најави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.
-Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена! Специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен – напиша Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.

Тој посочи дека до крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, што, како што истакна, е најголемата набавка досега.
– Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане! Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците. На таа запуштеност ѝ ставаме крај со работа и конкретни дела! Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град! – наведува Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:

