Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Ѓорѓиевски: Исплатена финансиска поддршка за сите онколошки пациенти кои ги исполнија условите

Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за поддршка се исплатени, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој информира дека на јавниот повик аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти, при што повикот сè уште е отворен и заинтересираните граѓани можат да аплицираат.

-Заедно кога е најпотребно – сите онколошки пациенти кои побараа помош, се исплатени. Постојат моменти кога зборовите не се доволни. Моменти кога човечноста не се мери со тоа што ќе го кажеме, туку со тоа дали ќе подадеме рака кога некому му е најтешко. Токму затоа, со чувство на огромна одговорност и искрена грижа, обезбедивме финансиска поддршка за нашите сограѓани кои ја водат една од најтешките животни битки – напиша во објава на Фејсбук скопскиот градоначалник.

Реклама

Тој посочува дека секоја апликација била обработена со максимална посветеност и внимание, а исплатата за сите кои ги исполниле условите е завршена денес или ќе биде завршена во текот на наредниот ден.

-Зад секоја бројка, почитувани, стои човек. Стои семејство. Стојат непроспиени ноќи, страв, надеж и огромна борба. И токму затоа ова е порака дека никој не е сам. Дека зад секоја тешка битка постои заедница која знае да сочувствува, да помогне и да биде тука кога е најпотребно – вели скопскиот градоначалник.

Ѓорѓиевски посочува дека болеста може да го направи патот тежок, но не смее да ја одземе надежта.

-Наша човечка и институционална обврска е да бидеме покрај нашите сограѓани не само со зборови, туку со конкретни дела, грижа и поддршка. Затоа што во најтешките мигови, најважно е човек да знае дека не е сам. Заедно сме посилни. Заедно ја чуваме надежта. Заедно, кога е најпотребно! – нагласува градоначалникот Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.