Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Ги повлече и веднаш ги врати во Собрание – Владата не се откажува од спорните енергетски закони

Владата не се откажува од Митилинеос. Откако вчера на седмата владина седница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата не се откажува од Митилинеос. Откако вчера на седмата владина седница се донесе одлука за повлекување на предлог законите за таканаречените стратешки инвестициски проекти од Собрание на доработка и усогласување со институциите,  потоа на нова владина седница, осма по ред, е донесена одлука истите да се вратат назад во Собрание.

 “ Во текот на вчерашниот ден на две седници на Владата од страна на претседателот Талат Џафери најпрво се донесени заклучоци за повлекување на четирите закони за реализација на стратешки инвестициони проекти од собраниска постапка, а потоа повторно се доставени предлози за истите закони до Собранието, но овој пат од страна на вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој до пратениците го достави и договорот за „Соларниот парк Стипион“, кој материјал не беше доставен на претходните седници“,објавија од Здружението Инженери на Република Македонија .

Од таму реагираат дека проектот за стратешки инвестиции е високо ризичен од аспект на корупцијата.

Реклама

„Ние до денешен ден не добивме одговор на барањето да бидеме поканети и да го изнесеме нашето мислење по прашањата што се разгледуваат на седниците на работните тела: Комисија за економски прашања и Законодавно правна комисија за четирите закони за реализација на стратешки инвестициони проекти. Информираме дека Законот за стратешки инвестиции, врз основа на кој се носат овие закони како лекс специјалис, е окарактеризиран како закон кој согласно формата и содржината може да продуцира ризици од корупција од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и за истиот во постапка се измени и дополни“, се вели во реакцијата.

Kaко прилог во својата реакција инженерите даваат хронологија почнувајќи од 2019 година во врска со намерата на Владата да привлече големи странски инвестеиции, па се наведува дека тогаш, тогашниот премиер Зоран Заев најави дека со посебен закон ќе се овозможи влез на странски инвестиции во вредност од над 100 милиони евра на територијата на Скопје и во соодветна сума во другите делови од Македонија. Притоа се цитира Заев кој рече дека веќе се преговара со пет – шест компании за влез со инвестиции во вкупна вредност од 2 милијарди евра. Тогашниот предлог закон, се вели понатаму, воопшто не кореспондирал со европската регулатива.

И покрај забелешките од Европската комисија, законот за стратешки инвестиции, за кој здружението на инженери го дава епитетот „чудовиште како од романот Франкештајн од Мери Шепи“ е изгласан во Собранието во 2020 година.

Реагирала и Аинтикорупциската комисија, правени биле законски измени, поднзаконските измени не се донесени, нацрт законските измени стојат отворени, но и покрај тоа, според изјавите на тогашниот премиер, се преговарало со странски компании, реагираат инженерите.

Во хроднолигијата се нагласува дека пред две недели вицепремиерот Битиќи изјави дека е започнато институционално се прегоавара со странски инвеститори, што пак значи и официјални документи за стратешки проекти, што пак, како што се нагласува, не кореспондира со изјавите од Заев дека веќе се преговарало.