Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Герасимовски со кризни мерки за отпадот од угостителските објекти, посебно одлагање и пунктови за собирање

ЈП „ПОЦ“ ќе организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈП „ПОЦ“ ќе организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад. Ги повикуваме сите ресторани, кафулиња и локали во Центар да го одлагаат отпадот на локации каде контејнерите не се преполни и да го ставаат во двојни, или тројни кеси со цел да биде подобро заштитен. За ова ќе има информација веќе утре за тоа кои се локациите, а сите угостители ќе бидат директно информирани.

Ова го истакна денеска градоначалникот Горан Герасимовски на прес-конференцијата додека се одржуваше состанокот со Штабот за заштита и спасување кадешто се носеа итни одлуки за справување со кризата со сметот во Центар. Герасимовски потенцираше дека Скопје се соочува со сериозна еколошка криза.

-Комунална хигиена со денови не го собира сметот, очигледно е дека оваа состојба нема брзо да се реши. Целиот град е затрупан со отпад, имаме хигиенски, здравствени и епидемиолошки проблем. Пристигаат информации дека се појавуваат глодари, состојбата е крајно алармантна, рече Герасимовски. 

Реклама

Тој истакна дека општината прави мобилизација на сите свои ресурси за надминување на кризата. 

– Од денес, сите вработени во Општината Центар и во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ добиваат конкретни задачи за решавање на оваа криза. Ги редуцираме сите други активности на минимум, ги пренасочуваме вработените да ги спроведат сите мерки за менаџирање на овој проблем. Ова е момент кога секој јавен службеник мора да покаже одговорност, посочи Герасимовски.