Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Герасимовски: 515 ученици евакуирани безбедно во симулација на земјотрес и пожар во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на симулациска вежба за евакуација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на симулациска вежба за евакуација при земјотрес и нус-појава на пожар во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Вежбата имаше за цел да ја провери подготвеноста на учениците, наставниот кадар и персоналот за брза и координирана реакција во кризна ситуација, соопштија од Општина Центар.

-Овие обуки не смеат да бидат формалност, туку мора да станат  задолжителна и редовна пракса во образовниот систем. Сите училишта треба да ги знаат протоколите за евакуцација во случај на катастрофа. По трагичниот пожар во објектот Пулс во Кочани, треба да ја кренеме свеста на највисоко ниво за важноста на ваквите подготовки, рекол Герасимовски на настанот.

Сценариото опфатило симулиран земјотрес и пожар, по што била извршена итна евакуација на 515 ученици и персоналот. Било демонстрирано и укажување прва помош и згрижување на можни повредени. На терен учествувале и екипи на СВР, Црвениот крст и НОУП Центар, кои ги провериле своите протоколи и координација.

Реклама

-Ваквите симулации се клучни за навремена и правилна реакција во реални услови. Општина Центар продолжува да вложува во унапредување на безбедносните стандарди и редовни обуки во училиштата, се вели во денешното соопштение.