Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Газдата на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, излегува од притворот во Шутка со гаранција од над два милиони евра

Обвинетиот газда на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, излегува од притворот во Шутка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинетиот газда на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, излегува од притворот во Шутка со гаранција од над два милиони евра. Апелацискиот суд објави дека ја прифатил неговата жалба во однос на неговото претходно барање да биде ослободен од зад решетки со гаранција во пари и имот.

„Решението на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема осомничениот А.Ј. со прифаќање гаранција во износ од 986.540 евра, во денарска противвредност со ставање хипотека на недвижен имот во корист на Македонија и износ од 72.000.000,00 денари готови пари, во корист на Македонија“, се вели во соопштението на Апелацискиот суд.

На Јахоски му е одземен пасошот и сега има обврска повремено да се јавува во суд. Судот вели дека ја прифатил жалбата затоа што обвинителството претходно дало позитивно мислење дека Јахоски може да излезе од затвор, но не само со милион евра во имот како што понудил, туку со дополнителни милион на сметка во банка, гаранција што тој ја обезбедил.

Реклама

Инаку, Јахоски е осомничен во случајот „Адитив“, кој претставува еден од најголемите скандали поврзани со јавни набавки и организиран криминал во Македонија во последните години. Станува збор за корупциска афера поврзана со набавка на адитиви за јаглен за потребите на РЕК Битола и за РЕК Осломеј, во која се инволвирани високи службеници и бизнисмени.