Реклама

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Македонија

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска изјави дека треба да се повтори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска изјави дека треба да се повтори огласот за избор на нов член на Судскиот совет предложен од Собранието бидејќи, како што посочи, има нов Закон за Судскиот совет. Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата веќе го изгласа инспекторот за прекршоци во тетовската полиција Аљбан Кадриу за нов член на Судскиот совет, кој треба да го замени Селим Адеми.

Гаши нагласи дека тоа е работа на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата и тие треба да донесат одлука да се повтори огласот.

– Ќе треба да ги прашате претседателот и членовите на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата. Најверојатно се на мислење да се повтори огласот затоа што веќе имаме нов закон и ќе треба сите членови да се изберат по новиот закон. Но, тоа мора да го донесат како одлука претседателот и членовите на Комисијата за изборите и именувањата. Сепак, работа е на Комисијата за изборите и именувањата. Кај нив треба да се обратите. Но, како битен момент за кој сме разговарале е токму моментот што имаме нов Закон за Судскиот совет и тој веќе ги менува правилата на игра – рече Гаши.

Реклама

Коментирајќи ја вчерашната лидерска средба, Гаши ја оцени како конструктивна. Очекува денеска да се сретнат координаторите на пратеничките групи за да ги усогласат законите за кои се договориле да бидат донесени побрзо.

– За лидерската средба, јас сум запознаен од вас новинарите преку нивните изјави. Она што го разбрав од моите колеги, кои беа дел од лидерската средба, е дека таа била исклучително конструктивна. Очекувам дека денеска ќе има средба на координаторите во Собранието и ќе почнат со работа да ги усогласат законите за кои се договориле да ги донесат што побргу. Исто така, и за народниот правобранител. Можно е денеска-утре да имаме решение. Таа ќе произлезе од координаторите – истакна Гаши.