Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Гаши – Рокас: Собранието има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас. Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши истакна дека Европската Унија за граѓаните на нашата држава не е само политички и економски блок, туку таа претставува посветеност на вредностите како демократија, владеење на правото, човекови права […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши истакна дека Европската Унија за граѓаните на нашата држава не е само политички и економски блок, туку таа претставува посветеност на вредностите како демократија, владеење на правото, човекови права и солидарноста. Тој потенцира дека покрај тоа што нашиот европски пат е тежок и макотрпен, Собранието посветено работи на усвојување на законите од реформаската агенда. Посочи дека се работи на домашните реформи поврзани со поглавјата и законодавството на ЕУ, не само заради тоа што тие се дел од нашиот евроинтегративен процес, туку затоа што се неопходни за нашите граѓани и за нашата просперитетна иднина. Исто така, тој изрази очекување дека наскоро ќе започнеме процес на преговори кој ќе биде одржлив и кој ќе може да се спроведе со цел да нѐ доведе до полноправно членство, а притоа да бидат заштитени нашите интереси.

Амбасадорот Рокас истакна дека процесот на проширување на Европската Унија е актуелен и новите глобални геополитички случувања овозможуваат тој процес да биде забрзан. Тоа, посочил тој, ќе овозможи проширената Европска Унија подобро да одговори на новите геополитички предизвици.

Реклама

Двајцата соговорници се согласија дека во следниот период Собранието на Македонија има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда, кои се потребни за  натамошно напредување на земјата кон Европската Унија како и за поцелосно искористување на можностите кои се нудат од Планот за раст на ЕУ за Западниот Балкан, информираат од собраниската прес-служба.