Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Гаши: Охридскиот рамковен договор ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо општество

Охридскиот рамковен договор ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охридскиот рамковен договор ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо општество. Нашата одговорност денес е да се надоврземе на неговите поуки и да ги преточиме во одржливи стандарди на демократијата и соживотот, вели претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод одбележувањето на годишнината од договорот.

-Денес, одбележувајќи ја годишнината од Охридскиот рамковен договор, се потсетуваме на еден од најважните моменти во современата историја на Македонија. Овој договор беше политички и институционален одговор на криза што бараше одговорност, дијалог и визија за иднината. Пред сè, тој ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо општество. Дваесет и пет години подоцна, неговата важност мора да се гледа подалеку од политичките разлики и секојдневните толкувања. Охридскиот договор останува важен столб на уставната и институционалната архитектура на нашата држава. Нашата одговорност денес е да се надоврземе на неговите поуки и да ги преточиме во одржливи стандарди на демократијата и соживотот, се наведува во соопштението од спикерот Гаши.

Македонија, наведува тој, е заеднички дом за сите нејзини граѓани, а нејзината сила не лежи во разликите што нè делат, туку во способноста да ги претвориме во заеднички вредности.

Реклама

-По четвртина век, прашањето што мора да си го поставиме повеќе не е што сме постигнале, туку што ни останува да им наследиме на идните генерации, државата што ја сакаме. Затоа, нека оваа годишнина биде заедничка обврска: Денешната политичка генерација и институции го зачувуваат мирот преку дијалог, ја зајакнуваат еднаквоста и го градат соживотот преку дела. Нека секоја идна генерација го наследи Охридскиот договор како пресвртница во историјата и како жива вредност на државата. Додека граѓаните се тие што имаат сила да го живеат секој ден, порачува претседателот на Собранието Африм Гаши.