Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

ФЗОМ планира „Клексанот“ да го стави на рецепт – преговори и „Ксарелто“ да се најде на позитивната листа

Се проширува позитивната листа на лекови. Наскоро Клексаните ќе може да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се проширува позитивната листа на лекови. Наскоро Клексаните ќе може да се подигнат на рецепт во аптеките, наместо да се бара рефундација на платените сретства. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски денеска ги најави измените во правилниците за позитивната листа на лекови.

„Во прв план ни е префрлањето на антикоагулансите, бидејќи тие се веќе на болничката листа. Значи да не се рефендира веќе Клексанот туку да може да се подигне на рецепт. Се надевам дека час поскоро чим комисијата почне да функционира и се направат овие измени на правилниците, дека ќе ја имаме првото зголемување со Антикоагуланс“, изјави Клековски.

Клековски истакна дека за таблетарниот антикоагуланс, Ксарелто, се уште нема договор, бидејќи производителите засега не сакаат да го вклучат на позитивната листа. Фондот побарал да се направат две клучни измени во правилникот.

Реклама

Прво да се овозможи преместување на лековите од болничката на аптекарската позитивна листа, а второ Фондот да добие право за преговарање на цените на лековите кои се субвенционирани. Клековски додаде дека лековите кои се на позитивната листа треба да бидат достапни по пониска цена, со цел субвенциите да имаат реален ефект.

„Сметаме дека кога веќе државата обезбедува субвенции за продажбата на одреден лек кој е на позитивната листа, фондот треба да има право да преговара со производителот и дистрибутерот за неговата цена, а не тоа да биде автоматски големопродажната цена“, изјави Клековски.

Минатата година во септември позитивната листа беше дополнета со 87 лекови. На листата беа додадени лекови за крвен притисок за срцеви заболувања, анти агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција.

Според докторите, ревидирањето на листата на медикаменти, е голем чекор во здравството. Со новите лекови ќе им се олесни на пациентите, но и на лекарите.

Ставањето нови лекови на позитивната листа во пракса значи дека пациентите ќе добиваат посовремени и поевтини лекови на рецепт, на товар на државата, наместо да плаќаатт од џеб и поскапо -често и од други држави. Затоа што листата не беше ажурирана повеќе од една деценија, граѓаните добиваат застарени лекови, иако постојат нови и поефикасни за нивната болест.

Љубиша Владимиров