Македонија кубури со кадар по ветеринарна медицина. На факултетите од година в година се запишуваат се помал број студенти. Минатата година биле запишани само 18 студенти. Деканот на ветеринарниот факултет, Дејан Јанкуловски, вели дека оваа професија нуди големи можности за вработување и развој во кариерата и затоа матурантите треба сериозно да ја земат предвид како опција.
„Можностите кои што ги нуди факултетот се разбира се, освен постоечката студиска програма која што опфаќа интегриран прв и втор циклус на студии, во должина од 12 семестри, односно шест години, вклучува и понатаму можности за понатамошно усовршување преку стручни специјалистички студии и преку докторски студии, во областа на безбедносна храна и ветеринарна медицина. Со тоа докторите по ветеринарна медицина се стекнуваат со компетенции да работат како доктори на ветеринарна медицина на терен“, вели Деан Јанкуловски Декан на ветеринарнаниот факултет.
Професијата Доктор по ветеринарна медицина е престижна, регулирана и високо ценета во светот, а Македонија има потреба од млади луѓе кои по завршувањето на студиите ќе можат да ги применат своите стекнати знаења и вештини, смета Јанкуловски кој додаде дека во иднина студентите кои ќе завршат ќе имаат можност да придонесат во оваа дејност преку отворање на свои приватни ветеринарни амбуланти и клиники.

Тие ќе можат да работат и во секторите на прехрабената индустргија, веледрогериите, државната администрација и Агенцијата за храна и ветеринарство, инспекцијата, млечна и месна индустрија.
„Во тек е со акредитација на студиската програма, на Здружението на ветеринарните факултети во Европа, што очекуваме тој циклус да заврши во 2028 година, со цел да бидеме признаенени како факултет рамноправен со другите факултети во Европа и светот, како диплома како дипломиран ветеринар односно доктор по ветеринарна и медицина, прифатена да биде во светски рамки нашата диплома“, изјави Деан Јанкуловски Декан на ветеринарнаниот факултет.
Оваа година отворени се 50 студентски места за студиската програма Ветеринарна медицина на македонски јазик, интегрирани студии од прв и втор циклус, со времетраење од 12 семестри, како и за студиската програма Ветеринарна медицина на англиски јазик со времетраење од 11 семестри, за која се отворени вкупно 15 места. Наставната програма е дизајнирана согласно актуелните трендови за ветеринарната медицина не само во нашата земја, туку и пошироко во светски рамки.
Љубиша Владимиров
