Реклама
Македонија

Фотоволтаиците се забранети за хотелите на 50 метри од Охридското езеро,сопствениците барат нови правилници

Половина од хотелите во охридско-струшкиот регионне можат да инвестираат во поставување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Половина од хотелите во охридско-струшкиот регионне можат да инвестираат во поставување на фотоволтаични електрани, иако тоа е единствениот начин да опстанат и да го ублажат енергетскот удар.Не можат да добијат градежна дозвола за монтирање на фотонапонски постројки бидејќи се наоѓаат на 50 метри од брегот- ги кочи ‘Планот за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион”  донесен под притисок на Унеско.Најавите за ново зголемување на цената на струјата ги стаписа хотелиерите- се огласија дека не се во можност повторно да плаќаат десеткратно повисоките сметки за струја.Експертите по енергетика ценат дека е нужно државата да ги поедостави процедурите за нивно поставување.

 Малку ми е чудно затоа што охридско-струшкиот регион има толку многу хотели, меѓутоа ако немаме добра и ефтина енергија вкучувајќи ги тие хотели, тие не би биле конкурентни на туристичкиот пазар за привлекување на туристи затоа што секогаш цените ќе бидат на многу повисоко ниво.Ако тие немаат своја сопствена енергија, цената нема како да биде ефтина. Мислам дека тука треба повторно да се направи корекција во однос на тие правилници”-вели Зоран Митревски,експерт по енергетика

Од државата не добивме финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за струја, а ни стигнуваа астономски суми за струја кои се движат и до 5.000 евра месечно, што е неиздржливо-велат угостителите, единствен начин спас е поставување на сончеви колектори и фотоволтаци,шанса што не може да ја искористат оние чии хотели се на 50 метри од брегот,а се работи за објекти кои легално се изградени пред половина век.

Реклама

 “Ние не сакаме да поставуваме фотоволтаици на брегот, тука се работи за објекти кои се изградени пред 30 до 50 години со уредно добиена дозвола за градба и имотен лист. Законот вели дека општините не смее да издаваат дозвола за градба и за поставување на фотоволтаици, ако се на помалку од 50 метри од брегот.Дури и за реновирање на кровот, требаат да бараат дозвола.На риверата постојат хотели чија што почетна точка од брегот е на само 48 метри, итно е потребно промена на правилниците ” – велат од ХОТАМ.

Експертите сугерираат хотелиерите кои не смеат да постават фотоволтаици, за да не им мрзнат гостите да постраватсоларни системи на топла вода или климатизери. Но доколку овие уреди ги нема во проектите,значи дека станува збор за нелегално поставена опрема и според препораките на Унеско треба или целосно да ја отстранат или да бидат сокриени,да не се гледаат.

Росица Голабоска