Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Прилози

Формалното спојување на „Вреди“ во нова партија влегува во деликатна фаза

Новата партија што треба да произлезе од обединувањето на коалицијата „Вреди“ не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата партија што треба да произлезе од обединувањето на коалицијата „Вреди“ не треба да се гради врз калкулации за тоа кој и колку функции ќе добие, туку врз јасно утврдени правила за нејзиното функционирање и позиционирање на политичката сцена. За Алтернатива, предводена од Африм Гаши, еден од партнерите што треба да се претопи во новата партија, во позадина стои поширока амбиција — редефинирање на албанскиот политички блок. Оттаму инсистираат прво да се утврдат принципите, а потоа да се разговара за функциите.

Гаши вели дека во неговата партија фокусот е ставен на концептите и вредностите што ќе ги застапува новата политичка организација, а не на кадровските решенија.

Спојувањето на Алтернатива, Беса, дел од Алијансата и Демократско движење влегува во најчувствителната фаза. Според Гаши, станува збор за политички субјекти со различна историја, па затоа рамноправноста и консензуалното одлучување — принципи што досега ја одржувале коалицијата функционална — треба да бидат темел и на идната партија.

Реклама

Тој не прецизираше кој е ставот на Алтернатива за тоа кој ќе раководи со новиот субјект. Во политичките кулоари веќе се споменуваат различни модели — од ротирачко лидерство до копретседателство. Гаши порача дека конечната одлука ќе ја донесе партиското раководство, нагласувајќи дека за него лично поважно е „за што се залага“, отколку „против што е“.

Иако јавно се говори за принципи, неофицијално веќе се споменуваат и процентуални распределби. Според информации од политичките кругови, постои договор новата партија да ја водат двајца копретседатели, со доминантно учество на Беса и Демократското движење, додека остатокот би им припаднал на другите партнери. Гаши избегна да коментира бројки, повторувајќи дека за Алтернатива најважни остануваат принципите.

Во меѓувреме, Беса веќе ги распушти своите органи, од Демократското движење се најавува ист чекор, додека Алтернатива останува на мораториум — сигнал дека процесот на обединување е започнат, но конечниот модел сè уште се договара.