Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Финишираат подготовките за „Безбеден град“ – До Нова година предупредувања, а потоа и казни

Измените во вкупно пет закони за имплементација на „Сејф сити“ треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измените во вкупно пет закони за имплементација на „Сејф сити“ треба да се дефинираат до крајот на март. Потоа, пробен период и веќе од први јануари идната година целосна примена на системот Безбеден град. Министерството за внатрешни работи ќе казнува и за погрешно паркирање на сообраќајни ленти, велосипедски патеки, тротоари и зелени површини со автомобили опремени со камери кои директно ќе бидат поврзани со системот.

  • „Дел од имплементацијата на „Сејф сити“ ќе бидат и возила кои ќе бидат опремени со паметни камери и при движење на сообраќајници ќе ги констатираат сите погрешно паркирани возила, по што тие ќе бидат процесирани во системот на обработка на податоци“, рече Тошковски.

МВР од почекот на годината започнале со собирање телефонски броеви и е-маил адреси на возачите при самото регистрирање на автомобилите. Ќе има и пробен период од неколку месеци пред почне функционирањето на „Сејф сити“, кога граѓаните прво ќе добиваат пораки со предупредување, пред целосно системот да се стави во функција, вели министерот Тошковски.

  • „Во наредните месец дена ќе се работи интензивно на целокупната легислатива и до крајот на месец март ќе ја имаме првата верзија на сите закони кои треба да влезат во владина процедура, а до крајот на април во собраниска процедура“ вели Тошковски.

Проектот „Безбеден град“, кој е во план да биде имплементиран на цела територија на Македонија, е поддржан од УНДП. Меѓународната организација сака да придонесе во намалување на бројот на жртвите од сообраќајни незгоди.

Реклама

Со возилата кои ќе партролираат во главниот град треба да се реши и проблемот на велосипедистите и предизвикот за нивно безбедно движење. Во однос на електричните тротинети, Тошковски вели дека се разгледуваат можни регулации и се надева дека наскоро ќе се дојде до соодветно решение.